15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Мадуро: Колумбија сака војна

Најчитани вести

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој и нареди на венецуелската војска да одржи воени вежби долж границата со Колумбија, ја обвини соседната држава дека планирани напади.

Официјален Каракас тврди дека има доказ дека во кампови во соседна Колумбија се обучуваат паравоени сили, кои наводно планираат напади во соседна Венецуела.

Венецуелскиот министер за комуникации Хорхе Родригез во изјава за државната телевизија го обвини десничарскиот претседател на Колумбија Иван Дуке дека не прави ништо во однос на тие кампови.

– Колумбиската Влада не сака мир. Сака војна. Сака насилство!, изјави Мадуро на воена церемонија пренесувана на државната телвизија.

До зголемување на тензиите меѓу Каракас и Богота дојде откако група левичарски герилци во Колумбија објави дека повторно ќе земе оружје в раце, а Дуке ја обвини венецуелската Влада дека им дава засолниште на колумбиските герилци.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести