Home » Мадона: Само сексот ме одржува во живот

Мадона: Само сексот ме одржува во живот

by Журнал.мк

Поп кралицата Мадона објави ново видео на „Јутјуб“ на кое одговара на прашања на фановите и зборува за приватните работи од животот. Таа и им откри дека е опседната со секс и дека само тоа е нешто што ја одржува во живот.

Жали што била во брак со британскиот режисер Гај Ричи и призна дека доколку не успеала како пејачка, веројатно ќе бидела уччителка.

„Ако сте значајна личност и му обрнувате внимание на животот, никогаш нема да престанете да бидете инспирирани“, им одговори Мадона на фановите кои ја прашаа во што наоѓа инспирација во светот кој се променил од почетокот на нејзината кариера.

Мадона има желба да соработува со американскиот рапер Кендрик Камар, а би сакала повторно да застане на сцена и со Бритни Спирс. Пред 19 години го издадоа нивниот хит Me Against The Music. Призна дека најтешко ѝ била работата на нејзиниот биографски филм, кој наскоро ќе биде објавен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk