17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Мадона ги откажа концертите: Чувствувам огромна болка!

Најчитани вести

Мадона поради здравствени проблеми откажа неколку настапи кои се дел од нејзината турнеја Мадам Х.

„Ве молам простете ми поради неочекуваниот тек на настаните. Настапувањето секоја вечер ми носи голема радост. Откажувањето е казна за мене, но болката што ја чувствувам сега е огромна и треба да се одморам и да ги следам упатствата на лекарот за да се вратам посилна и подобра и да го продолжам патувањето на Мадам Х со сите вас – напиша Мадона на нејзиниот инстаграм-профил, порачувајќи им на обожавателите дека мора да ги откаже настапите.

Продолжението на турнејата на Мадона се очекува на 7 декември со концертот во Филаделфија.

Откажаните настапи нема да добијат нови датуми, но на обожавателите автоматски ќе им бидат вратени парите од дистрибутерите на билети.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com