2.8 C
Skopje
Wednesday, October 20, 2021

Мадона во врска со 35 години помладо момче

Најчитани вести

Контроверзната американска пејачка Мадона (61) повеќе пати беше снимена со младиот танчар Ахламалик Вилијамс (26), кој е само три години постар од нејзината ќерка Лурдес (23).

Досега само се нагаѓаше за нивната врска, но нивните заеднички фотографии направени на балконот на луксузен хотел во Мајами, каде што разменуваат нежности, ја потврдуваат веста.

На објавените фотографии Мадона и нејзиното ново момче ги усогласиле боите на облеката, а тој не ги симнува рацете од нејзините колкови, додека во еден момент нежно ѝ го масира грбот. Двојката со приватен лет заедно пристигналa во Мајами, каде што папараците исто така ги снимија заедно на аеродромот.

Озборувањата за новата љубов започнаа во јуни годинава, откако Мадона сподели видео на Инстаграм на кое е прикажано тверкањето на Ахламалик.

National Enquirer извести во октомври дека нивната врска станала сериозна, но дека нејзините пријатели се загрижени за неа поради големата разлика во годините.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com