Еден од најдобрите шахисти на сите времиња Магнус Карлсен е голем фан на Реал Мадрид и откри неверојатни работи кога се во прашање Кралскиот клуб и Кристијано Роналдо.
Карлсен многумина го сметаат за еден од најдобрите шахисти на сите времиња, а овој Норвежанец дури пет пати успеа да ја освои титулата светски првак, а има само 32 години.
Покрај шахот, негова голема љубов е и фудбалот, а никогаш не криел дека е голем фан на Реал Мадрид. Карлсен ја користеше секоја прилика да проследи натпревар на Кралскиот клуб и често гостуваше на „Сантијаго Бернабеу“.
Меѓутоа, откако неодамна гостуваше во подкастот на Јутјуберот Лекс Фридман, тој ги изненади сите кога откри кој според него е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Многумина очекуваа дека тој сигурно ќе каже играч кој играл за Реал Мадрид бидејќи претходните години велеше дека тоа е Кристијано Роналдо.
Но Норвежанецот ги шокираше сите кога призна дека едноставно бил принуден да каже дека Роналдо е најдобриот играч на сите времиња. Карлсен изјави дека навистина не мисли така и дека знае кој е најдобриот фудбалер досега за него.
„Мислам дека е тешко да се спореди некого со Лионел Меси. Бидејќи сум навивач на Реал Мадрид, претпоставувам дека повеќе би очекувале да му дадам предност на Кристијано Роналдо. Секогаш ми се допаѓал Роналдо како фудбалер, но отсекогаш сум мислел дека Меси е подобар“, рече Карлсен и продолжи.
„Отидов на неколку натпревари во Мадрид во претходните години и тие секогаш беа прекрасни со мене. Единственото нешто што ме нервираше беше кога ќе дадам интервју за клупската веб-страница бидејќи секогаш морав да го споменувам Роналдо“.
„Кога ме прашаа кој е најдобар играч за мене, морав да кажам Роналдо. Ако кажам некој друг како Иско, тие само ќе застанат и ќе ми кажат „Ок, втор обид, сега кажи Роналдо“. За нив тоа беше многу важно е дали создаваат таква слика околу Роналдо, но јас не гледав така“.
Сигурно е дека ваквото признание на еден од најдобрите шахисти на сите времиња нема да им се допадне на навивачите на Реал Мадрид, но се чини дека по сите овие години Карлсен едноставно мораше да признае дека повеќе го сака Меси отколку Роналдо.