2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Магнезиум во бременост

Најчитани вести

Магнезиумот е потребен за повеќе од 300 биохемиски реакции во телото. Тој помага во одржувањето на нормална функција на мускулите и нервите и ги одржува коските здрави. Магнезиумот е вклучен во енергетскиот метаболизам и синтезата на протеини.

Магнезиумот  e меѓу најпотребните микроелементи  за време на бременост, одговорен за растот и развитокот на плодот во сите негови етапи. Доволните количини во организмот можат да го направат износувањето на бременоста полесно, а од друга страна неговиот дефицит може да доведе до тешка бременост со последици врз здравјето на мајката и бебето.

Кои се први знаци на недостиг на магнезиум?

Еден од првите симптоми се мускулните спазми и болки во стомакот, понекогаш може и да се почувствуваат и како мускулни фасцикулации на вратот, рамениците и грбот, главоболка, гадење, треперење, срцебиење или аритмија, тешко заспивање, неспокоен сон, исцрпеност и општо нерасположение.

Што може да се случи при негов дефицит ?

Негов дефицит може да биде причина за спонтан абортус или за предвремено породување, висок ризик од прееклампсија во бременост(состојба опасна како за мајката така и за бебето), проблеми со растот на плодот (недоволно развиени мускули и органи, ниска тежина и др) .

Затоа при такви опасности се додава магнезиум како суплемент, а кај тежок дефицит дури и како парентерална терапија со магнезиум сулфат.

Овој минерал не се произведува сам од човековиот организам, тој може да биде набавен единствено со храната или како суплемент.

Препорака на ДНА АННИ ФАРМ е ЛИВСАНЕ магнезиум цитрат кој брзо се ресорбира и со 1 кесичка ја задоволува дневната потреба на магнезиум

Уште нешто за жената!

За жените се препорачува да земаат суплемент со магнезиум не само за време на бременост и доење, но и кога примаат орална контрацептивна терапија или страдаат од предменструален  синдром со силни болки. Контрацептивите ги зголемуваат значително потребите на организмот од магнезиум, а при болки во стомакот за време на менструален циклус магнезиумот  има релаксирачко дејство.

Магнезиумот има значење во регулирањето на водниот баланс во организмот, а неговиот недостиг може да доведе до задршка на вода кое е чест проблем во менопауза.

https://www.annifarm.com.mk/

За повеќе информации погледнете ги достапните производи во нашата онлајн аптека ДНА АННИ ФАРМ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com