2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Маглата одложи неколку слетувња на скопскиот аеродром, отежнат и патниот сообраќај

Најчитани вести

Маглата која утринава ја има по котлините и планинските превои го отежнува сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализрани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Кичево, на планинскиот превој Ѓавато и долж Повардарието. Јавното претпријатие „Македонија пат“ кое е задолжено за одржување на патиштата низ државата апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На аеродромот во Скопје, според информациите од нивната веб страница, утринава не е реализирано ниту едно планирано слетување, а со задоцнување полетале само четири авиони на „Визер“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com