Home » Лaјен: Многу работа за Украина до членство во ЕУ

Лaјен: Многу работа за Украина до членство во ЕУ

by Журнал.мк

На Украина ѝ претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“.

„Многу е сторено, има уште работа за да се приближиме, но процесот е во тек“, рече таа.

Фон дер Лајен зборуваше за руската инвазија во Украина и изнесе мислење дека е потребна „силна и јасна истрага“ за тоа дали руските сили извршиле воени злосторства во Украина.

Според неа, процесот на присоединување на Украина кон ЕУ ќе потрае, сепак потсетуваќи оти веќе некое време постои интензивна соработка на релација Брисел – Киев.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна упати барање до државите-членки на ЕУ за итен прием на Украина во Унијата, потпишувајќи ја апликацијата за членство.

Лидерите на Бугарија, Чешка, Полска, Словачка, Словенија и на балтичките држави ја повикаа ЕУ да преземе чекори на Украина веднаш да и се додели кандидатски статус и почеток на преговори за членство во Унијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More