Home » ЛШ: Шкупи е фаворит во денешниот натпревар против Линколн Ред Импс

ЛШ: Шкупи е фаворит во денешниот натпревар против Линколн Ред Импс

by Журнал.мк

Денеска од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје екипата на Шкупи ќе го игра првиот натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите против Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Македонскиот шампион според обложувалниците ја има фаворитската улога на денешниот дуел против Гибралтарците (според „бет365“ коефициентот е 1.45 за победа на Шкупи), но истата треба да се оправда на теренот.

Тренерот на чаирчани, Гоце Седлоски вели дека противникот е незгоден, но неговите фудбалски се подготвени за европскиот предизвик.

Потсетување дека победникот од овој двомеч во 2. квалификациско коло на ЛШ ќе игра против хрватскиот гигант Динамо Загреб, поранешниот клуб на Седлоски.

Главен судија во денешните 90 минути е Австриецот Себастијан Гисхамер.

Лига на шампиони 2022/2023

1. квалификациско коло, први натпревари
Денеска, двојки –

18.00 часот Пјуник Ереван – Клуж
19.00 часот Малме – Викингур Рејкјавик
19.45 часот Лудогорец – Сутјеска
20.00 часот Балкани – Жалгирис
20.00 часот Лех Познањ – Карабах
20.00 часот ТНС – Линфилд
20.30 часот Шамрок Роверс – Хибернијанс
20.45 часот Шкупи – Линколн Ред Импс

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More