3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Луѓето со слаб имунитет во Израел почнаа да примаат и трета доза на „Фајзер“

Најчитани вести

Израел почна со аплицирање на трета доза на вакцина против Ковид-19 за лицата со слаб имунолошки систем.

Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на оваа категорија граѓани да примат трета доза од вакцината на „Фајзер“.

И покрај успешната масовна вакцинација, Израел во последните недели бележи постојан пораст на бројот на новозаболени со Ковид-19. Повеќето нови случаи се меѓу деца кои не ги исполнуваат условите за вакцина, а Владата ги охрабрува младите да се вакцинираат.

Израел досега вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и речиси 56 проценти со две дози.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести