Home » Луѓето пребаруваат „како да се избрише Твитер?“ и масовно ја напуштаат платформата

Луѓето пребаруваат „како да се избрише Твитер?“ и масовно ја напуштаат платформата

by Журнал.мк

Корисниците на Твитер масовно ја напуштаат платформата откако Илон Маск ја презеде сопственоста.

Експертите од безбедносната компанија „VPNOverview“ го употребиле „Google Trends“ за да го утврдат порастот на пребарувањата на прашањето „како да се избрише Твитер?“ во текот на изминатата недела, а од преземањето на Маск, пребарувањата пораснале за дури 500%.

Пребарувањата поврзани со „бојкот на Твитер“ исто така се зголемиле за 4800 проценти во последните седум дена.

Маск најави промени на социјалната мрежа

Откако стана сопственик, Маск – кој исто така раководи со „Tesla“ и „SpaceX“ – не губеше време, па спроведе и објави значајни промени на Твитер, вклучувајќи отпуштање на извршните директори и распуштање на управниот одбор.

Тој потврди и дека ќе ги натера корисниците на Твитер да плаќаат по 8 долари месечно за да имаат син знак до името на нивниот профил и на тој начин да бидат верифицирани.

Маск претходно размислуваше за месечна претплата од 20 долари за синиот знак, но ја намали потенцијалната цена по бројните критики.

Милијардерот најави и дека ќе формира Совет за модерација на содржината кој ќе собере „различни мислења“.

„Нема да се случат никакви поголеми одлуки за содржината или враќање на профилите пред да се состане Советот“, напиша тој на Твитер.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More