Home » Лукашенко со декрет им забрани на граѓаните да ги обновуваат пасошите во странство

Лукашенко со декрет им забрани на граѓаните да ги обновуваат пасошите во странство

by Журнал.мк

Во декретот на Лукашенко се наведува дека белорускиот пасош може да се обнови само доколку сопственикот бил регистриран жител пред да ја напушти земјатаБелорускиот претседател Александар Лукашенко денеска им забрани на граѓаните да ги обновуваат пасошите додека се во странство, што би можело да ги натера оние кои избегале од земјата поради зголемената репресија, да се вратат за да ги задржат патните документи.Се проценува дека 200 до 300 илјади Белоруси ја напуштиле земјата во изминатите три години, откако масовните протести против изборите кои го вратија Лукашенко на функцијата претседател, доведоа до брутално задушување на политичката опозиција. Изборните резултати според многумина се манипулирани.
Во декретот на Лукашенко се наведува дека белорускиот пасош може да се обнови само доколку сопственикот бил регистриран жител пред да ја напушти земјата.Лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја, која побегна во Литванија откако се кандидираше против Лукашенко на изборите во 2020 година, ги предупреди своите сонародници дека „дури и да им истече важноста на пасошот, не треба да се враќаат во татковината, бидејќи ризикуваат да станат цел на прогон“.

Тихановскаја изјави дека Полска и Литванија издаваат таканаречени „странски пасоши“ на Белорусите кои им дозволуваат да останат во тие земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk