Home » Лукас Подолски на 38 години потпиша нов договор

Лукас Подолски на 38 години потпиша нов договор

by Lina Muslija

Славниот фудбалер Лукас Подолски нема намера да стави крај на кариерата, па така на 38 години потпиша нов договор со тимот на Горник Забрже од Полска.

Важноста на новиот договор на Подолски е две години, па така ако го исполни во целост ќе игра до 40 години.

Вкупно за овој тим Подолски постигна 16 гола и подели 13 асистенции и во наредниот период секако може да ги подобри овие бројки.

Оваа сезона Подолски е еден најстандардните во тимот и одигра 27 натпревари постигнувајќи пет гола и девет асистенци. Во својата кариера во германската репрезентација Подолски настапи на 130 натпревари за Германија и го носеше дресот на клубови како Анталијаспор, Кобе, Галатасарај, Интер, Арсенал, Келн и Баерн Минхен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk