18.8 C
Skopje
Monday, August 8, 2022

Лукаревска оптимист дека уставните измени ќе поминат во Собрание

Најчитани вести

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска е оптимист дека уставните измени потребни за интеграцијата во ЕУ ќе поминат во Собранието.

„Мислам дека целта е една и единствена, а тоа европската агенда. Сметам дека во Парламентот има прогресивни сили кои знаат што значи оваа шанса која не смееме да ја испуштиме“, рече Лукаревска за Канал 5 телевизија.

Внесувањето на Бугарите во Уставот, за што се потребни уставни измени е услов за продолжување на преговорите за влез во ЕУ.

Но најголемата опозициска парламентарна партија ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени и најави дека нема да гласа за нив, а Уставот не може да се смени само со просто мнозинство, односно потребни се и гласови од пратениците до ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата најавија и референдум за условите под кои земјата се приклучува кон ЕУ.

Но Лукаревска вели дека не е ниту време ниту место за референдум. Таа смета дека земјава треба максимално да се посвети на домашните задачи и на реформите.

Лукаревска која е и прв човек на Управата за јавни приходи (УЈП) рече и дека е завршено ажурирањето на апликацијата МојДДВ и дека корисниците на Хуваеи и Ајфон може да ја преземат новата верзија, додека од Плеј стор се уште немаат повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек. Таа дека од следната година ќе има зголемување на лимитот на парични средства кои граѓаните можат да ги добијат од апликацијата „Мој ДДВ“ од 1.800 денари на 2.100 денари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com