14 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Лукаку е третото најскапо засилување во историјата на Серија А

Најчитани вести

Ромелу Лукаку вчера и официјално стана нов фудбалер на Интер после долгите преговори кои „Нераѕурите“ ги водеа со управата на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед во неколку наврати ги одби понудите на Интер, но на крајот сепак двата клуба постигнаа договор и на Лукаку му се исполни желбата да се пресели во Милано и да соработува со Антонио Конте.

Интер за услугите на белгискиот напаѓач плати 65 милиони евра и уште 10 милиони евра бонуси, потпиша петгодишен договор и на „Џузепе Меаца“ ќе заработува 7 милиони евра по сезона.

Лукаку е третото најскапо засилување во историјата на Серија А после трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус (99,2 милиони фунти) и Гонзало Игуаин кој од Наполи премина исто така во Јувентус за 75,3 милиони.

„Интер беше единствениот клуб кој го сакав. Овде сум за да ги вратам „Нераѕурите“ на врвот“, изјави Лукаку.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести