13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Лукаку во Интер за 75 милиони евра

Најчитани вести

Манчестер Јунајтед конечно ја прифати понудата на Интер по што Белгиецот синоќа веднаш се упати во Милано каде денес ќе потпише договор.

Долгонајавуваниот трансфер на Ромелу Лукаку во Интер конечно се реализира. Како што најавува La Gazzetta dello Sport, Интер ќе му исплати 65 милиони евра на Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ дополнително ќе добијат уште 10 со што вкупната сума ќе се искачи на 75 милиони евра.

Доаѓањето на белгискиот робусен голгетер е уште една причина за заминување на поранешниот капитен Мауро Икарди кој силно се поврзува со трансфер во лутиот ривал Јувентус.

26-годишниот Лукаку е роден во Антверпен од конгоански родители. Интер ќе биде петти клуб во неговата кариера откако претходно настапуваше за Андерлехт, Челси, Вест Бромвич Албион и Евертон пред летото 2017 да премине во Манчестер Јунајтед.

За репрезентацијата на Белгија на 81 натпревар има постигнато 48 голови!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com