Луис Енрике долго време молчеше и не даваше никаква изјава поврзана за Килијан Мбапе, но денеска првпат директно посака конечно решавање на сагата која се провлекува во ПСЖ цело лето.
Тренерот на „светците“ се надева дека ќе може да дојде до епилог како пред една година, кога со месеци се зборуваше за заминување на Мбапе во Реал Мадрид, но на крајот напаѓачот потпиша нов договор со ПСЖ.
Со оглед на случувањата во изминатите 30 дена, навистина мали се шансите да дојде до промена поради расипаниот однос меѓу двете страни, но сепак Лучо се надева на позитивен исход за да се спречат непријатности и во текот на сезоната.
– Килијан Мбапе е тема која многупати ја слушавме и во минатото и која се реши на позитивен начин во Париз кога јас се уште не бев дел од клубот.
– Се надевам дека ќе се случи истото од минатата година и дека ПСЖ и играчот ќе постигнат договор за решавање на ситуација. Тоа е она што јас го посакувам, но истовремено, ниту еден играч не е над клубот. Тоа е филозофијата на клубот и истата важи за секој поединец во првиот тим, – изјави Луис Енрике.