29.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Луик: Северна Македонија требаше да добие позитивна одлука од ЕУ

Најчитани вести

Во пресрет на првата сесија на заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет, посветена на операциите и мисиите на алијансата, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вчера попладне имаше билатерални средби со своите колеги, министрите за одбрана на Грција, Никос Панагиотопулос, и на Естонија, Јури Луик.

На средбата со естонскиот министер за одбрана, Шекеринска се заблагодари за брзата ратификација на пристапниот протокол од страна на официјален Талин и истакна дека овој процес продолжи да се движи со исклучителна брзина – парламенти на 26 земји членки веќе го завршија ратификациониот процес.

Министерот Луик порача дека Естонија со нетрпение го чека денот кога Северна Македонија ќе биде полноправен член на НАТО, а во контекст на Европската Унија додаде дека земјата требаше да добие позитивна одлука и дека ова е само фаза што ќе биде надмината.

На средбата со новиот грчки министер за одбрана, Панагиотопулос, Шекеринска истакна дека двете држави треба да градат блиски билатерални односи и дека соработката на полето на одбраната ќе придонесе за тоа. Двајцата министри го поздравија спроведувањето на мисијата „Air policing“ од страна на грчкото воздухопловство, за што началниците на Генералштаб на армиите минатиот месец потпишаа и технички аранжман.

„Преспанскиот договор ги отвори вратите за членство во НАТО, а реформите го обезбедија. И Северна Македонија и Грција имаат исти интереси – безбеден, стабилен и економски сигурен регион“, истакна министерката која се заблагодари за грчката поддршка за отворање пристапни преговори на неодамнешниот Самит на ЕУ.

Грчкиот министер Панагиотопулос порача дека двете земји со меѓусебна почит и со добра волја, имаат шанса да изградат подобра иднина за своите граѓани. Договорот за соработка во одбраната, истакна тој, отвора многу можности за соработка и припадниците на двете армии ќе можат подобро да се запознаат, да вежбаат и да се усовршуваат заедно, како сојузници. Панагиотопулос се согласи дека за Балканот да биде мирен и стабилен потребно е да има искрени и добри односи помеѓу соседите.

Министерката Шекеринска на заедничкиот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО посочи дека Северна Македонија е целосно посветена на вредностите на алијансата, како и на учеството во мисии и операции предводени од НАТО. На состанокот, министерката се заблагодари за доследноста на алијансата и за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО кој помина во парламентите на 26 земји членки.

Состаноците на министрите за одбрана во Брисел на кои учествува министерката Шекеринска продолжуваат денеска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com