23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Луизијана и Тексас се подготвуваат за удар на ураган

Најчитани вести

Тропската бура што се формира над Мексиканскиот Залив би можела да прерасне во ураган и да го погоди Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.

Метеоролозите велат дека бурата би можела да премине во ураган до крајот на денот, а просечната брзина на ветрот изнесува околу 55 киломери на час.

Како што јави „Гласот на Америка“, според прогнозите, денеска и утре во западниот дел на Тексас и во Луизијана се очекува да наврнат меѓу 25 и 30 сантиметри дожд.View image on Twitter

View image on Twitter

NBC News@NBCNews

JUST IN: Tropical Storm Barry forms in the Gulf of Mexico, NWS says.

Tropical Storm warnings issued for Louisiana.

Barry could become hurricane late
Friday.

Mississippi River at New Orleans forecast to crest at highest level since 1927 this weekend.https://nbcnews.to/32fwOue 27417:02 – 11 Jul 2019342 people are talking about thisTwitter Ads information and privacy

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи.

Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.

Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.

„Сакаме да ја обезбедиме државата Тексас поради она што би можела да го донесе бурата“, изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести