7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

ЛУДО ЈА САКАЛ ПРЕД МИЛИЦА: Првата сопруга на Жељко Митровиќ

Најчитани вести

Кон крајот на деведесеттите имала успешна музичка кариера. Помладите генерации не знаат ниту паметат дека оваа пејачка, под уметничкото име Хани, имала успешна музичка кариера кон крајот на деведесетите, додека постарите се уште паметат некои нејзини песни, иако во денешно време тие ретко се слушаат на радио станиците.

Првата сопруга на Жељко Митровиќ, Хани Соња Митровиќ, по блескавата кариера и хитовите што ги имаше, како да исчезна од јавниот живот. Откако се повлече од јавната сцена, барем како изведувач, многумина беа заинтригирани од тоа како таа изгледа денес.

Пејачката која остана запаметена по хитовите “Џип“, “Откини бебе“, “Седам година“ и многу други…

Инаку, Хани се занимава со продукција и аранжман. Со сопственикот на телевизијата “Пинк“, Жељко Митровиќ, имаат две деца – ќерката Сандра и синот Александар, а како што се шпекулира, таа е во одлични односи и со сегашната сопруга на Митровиќ, Милица.

– Додека пеев, никогаш не одев на турнеи кои траеја еден месец и се трудев во секое време да им бидам посветен на моите деца и да не отсуствувам од дома повеќе од три дена. Точно, во воспитувањето на моите малечки ја имав несебичната помош на Жељко и моето семејство, кои беа и се секогаш тука кога беше потребно. Поддршката од семејството е најосновна работа и отсекогаш сум го мразел терминот самохрана мајка – за својата кариера и брак своевремено изјавила првата сопруга на Жељко Митровиќ за

Да потсетиме, од албумот „Шеќерна коцка“, издаден во 1996 година, имаше неколку хитови, меѓу другите “Не дајм те Николе“, за кој зборовите ги напиша Драган Брајовиќ Браја.

Спотот снимен за таа песна е интересен од повеќе причини. Во него русокосата Соња Митровиќ изгледа како Мерлин Монро, со слична фризура и препознатливиот црвен кармин во преден план. Сепак, далеку поинтересен е фактот дека главната улога ја има актерскиот бард – Аљоша Вучковиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести