Home » Лудории: Синот на Бекам покажа како се забавува на одмор во Хрватска

Лудории: Синот на Бекам покажа како се забавува на одмор во Хрватска

by Lina Muslija

Минатата година семејството Бекам се одмораше во одморалиштето Лопуд 1483, кое многу им се допаднало, па затоа, наводно и оваа година одмараат на истата локација.

Бекамови решија да се вратат во Хрватска на одмор, откако минатата година уживаа во одморалиштето Lopud 1483, пренесуваат медиумите.

Круз Бекам на социјалните мрежи се пофали дека ужива на хрватското приморје, а објави и неколку фотографии на кои се гледа дека убаво се забавува на јахта во друштво на пријателите и тато му Дејвид,  додека пловат по крајбрежјето и ги набљудуваат убавините кои го „одземаат здивот“.

Инаку, ресортот Lopud 1483 е поранешен францискански манастир кој грофицата Франческа фон Хабсбург го реновирала и создала комбинација од музеј, елегантен бутик хотел и духовно одморалиште од 21 век со црква, камбанарија и манастир.

Изнајмувањето на овој луксузен комплекс за еден ден минатата година чинело 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање била околу 1.400 евра.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk