21.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Лојалноста пред искуството за изборот на Трамп за шеф на американското разузнавање

Најчитани вести

Републиканецот Џон Ретклиф од Тексас е номиниран за нов шеф на американското разузнавање по оставката на досегашниот директор на националното разузнавање Ден Коутс. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го замени Коутс со кој имаше несогласување околу неговите изјави за руските закани по американската безбедност.

Си-ен-ен истакнува дека Ретклиф нема ниту петгодишно искуство во националните служби, со што на неговото назначување би можела да и претходи жестока меѓупартиска борба.

На негово место Трамп го номинира Џон Ратклиф од Тексас, кој ќе ги координира 17-те разузнавачки агенции во САД. Трамп на Твитер му заблагодари на Коутс, кој на 15 август треба да ја напушти функцијата.

Поранешниот сенатор од Индијана беше 16 години во Сенатот и амбасадор во Германија (2001-2005). Во 2014 година како дел од одговорот на Кремљ на санкциите на САД и ЕУ заради акциите во Украина, Коутс беше еден од неколкуте членови на Конгресот кои добија забрана за посета на Русија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести