Home » Лоши животни навики кои се ризик за развој на рак на дојка

Лоши животни навики кои се ризик за развој на рак на дојка

by Журнал.мк

Не правите самопреглед

Самопрегледот на дојката може да каже во порана фаза дали се работи за рак. Доколку се случат некои промени можат веднаш да се забележат, што е тешко доколку прегледот не се врши редовно, пишува Eatthis.

Редовната мамографија е исто така важна во раното откривање на оваа болест. Жените кои не одат на овој преглед имаат поголем ризик да развијат рак на дојка.

Пушење

Престанувањето со пушење го намалува ризикот од рак. Имено, студиите покажале дека жените кои пушат имаат 20 до 30 отсто поголем ризик да заболат од оваа болест.

Пиење алкохол

Прекумерното консумирање алкохол исто така претставува ризик. Жените кои пијат повеќе од три алкохолни пијалоци неделно имаат поголем ризик за развој на рак на дојка од жените кои не пијат, покажа истражувањето.

Лоша исхрана и недостаток на вежбање

Наместо да се јаде многу преработена храна и црвено месо, се препорачува да се јаде зеленчук и овошје, здрава храна која го одржува телото здраво. Редовното вежбање е исто така важно бидејќи жените кои вежбаат најмалку 30 минути на ден имаат значително помал ризик од оние кои воопшто не вежбаат, покажуваат истражувањата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More