23 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Лотито: Ако Милинковиќ-Савиќ сака да замине, нема да го спречам

Најчитани вести

Претседателот на Лацио, Клаудио Лолито, изјави дека нема да му прави сопки на играчот од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ако сака да го напушти клубот.

Последните вести се дека Србинот е посакуван од Манчестер Јунајтед и „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 90 милиони евра за неговите услуги на „орлите“.

Договорот е веројатно да се случи во наредните денови откако шефот даде зелено светло за трансферот.

– Тука создадовме семејство. Ако некој ми предизвикува проблеми, бидејќи тој не е задоволен од развојот на неговата кариера, јас сум подготвен да ја задоволам неговата желба. Нашата цел е да станеме еден од најголемите тимови во Европа. Во моментов тие се 12 на број. Сепак, нормално е еден голем играч да сака да си ја проба среќата во некој голем клуб. Ние сеуште не го достигнавме ова ниво. Значи, кога некој играч ми се обраќа како син, ќе биде нефер да го лишам од таква можност. Покрај тоа, ако сакам да ја одржувам добрата атмосфера во тимот, морам да ги правам играчите среќни“, рече Лотито.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести