13.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ делува против еден од најважните закони поврзани со усогласувањето со НАТО

Најчитани вести

Пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, на прес-конференција порача дека Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ делуваат против еден од, како што рече, најважните закони поврзани со усогласувањето со НАТО стандардите – Законот за одбрана.

„Со измените на овој Закон се опфаќа и Протоколот 5, кој се однесува на трансфер од индивидуална самоодбрана во колективна одбрана или ‘напад на една земја членка се сфаќа како напад на секоја поединечно или на целиот пакт’ како и процедурите за барање помош од сојузниците во случај на безбедносни ризици“, објасни паратеникот од владејачката партија и додаде дека со најавите оти нема да го гласа Законот за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ делува против еден од најважните закони поврзани со НАТО.

Како што рече тој, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски секојдневно покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, односно против напредок и интеграција.

„Додека се остваруваат стратешките интереси на државата, тераат дневна политика, заглавени во деструктивното однесување. Мицкоски е ист како Никола Груевски. Лажен патриотизам, лицемерие и деструкција, тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Локвенец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com