16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Локални избори во Хрватска, Загреб во рацете на зелено-лева коалиција

Најчитани вести

На вчерашните локални избори во Хрватска, според првите нецелосни резултати на Државната изборна комисија, на гласањето за градоначалник на главниот град Загреб најмногу гласови освоил Томислав Томашевиќ од зелено- левата коалиција со околу 45 насто, а во вториот круг се пласирал и музичарот Мирослав Шкоро со 12 проценти од гласовите.

Во другите поголеми градови во земјата, најмногу гласови освоиле кандидатот на движењето Центар во Сплит, претставникот на Социјалдемократската партија во Риека, додека во Осиек води кандидатот на Хрватската демократска заедница.

Вчера се гласаше и за општинските и градските совети и за парламентите на жупаниите, како и за началници на општините и за жупани.

Одзивот на гласачите бил околу 35,5 насто, што е нешто повеќе отколку на претходните избори во 2017 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести