1 C
Skopje
Friday, January 15, 2021

Локализиран пожарот кај езерото Младост, изгореа 400 хектари шума и трева

Најчитани вести

Локализиран е пожарот кој повеќе од осум часа гореше во околината на Велес и езерото Младост. Изгорена е голема површина на борова шума од околу 200 хектари,а проценките се дека од огнената стихија биле зафатени вклупно околу 400 хектари шума и трева.

,,По четиричасовна борба со пожарот во Велес ве информираме дека пожарот е локализиран на сите 3 позиции.Благодарност до сите ТППЕ што беа во Велес и сите други институции.
За БППЗ СКОПЈЕ нема нешто невозможно”, информираа синоќа на Фејсбук скопските пожарникари кои објавија фотографии од страотниот пожар кој му се закануваше на Велес.

Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, припадници на армијата, два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер, а помош пристигна и од вработените во шумските претпријатија.

Полицијата вчера приведе четири лица, кои се осомничени дека додека работеле од невнимание го предизвикале пожарот.

Огнот избувна околу 11,40 на влезот во Велес од правец на Скопје, потоа се префрли кон Езеро Младост и автопатот Велес – Скопје, па се спушти до автопатот Скопје – Велес кај наплатна рампа Сопот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести