Министерот за правда Кренар Лога имаше средба со Габриел Ескобар, заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, информираат попладнево од Министерството за правда. На состанокот се зборувало и за силната поддршка на САД за напредокот на нашата држава до полноправно членство во Европската Унија.
– Евроинтеграциите се клучни за перспективата на Република Северна Македонија и граѓаните и се од геостратешко значење за стабилноста на регионот и Европа. Заеднички е ставот дека интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ значи просперитет за граѓаните во државата, со импакт и на долгорочен просперитет на целиот Западен Балкан во Европската Унија, се наведува во соопштението.Оценето било дека кој било друг исход од можноста да се продолжи по европскиот пат, не е од државен и стратешки интерес.- Поради тоа, заедничка е согласноста дека претстојната одлука во Собранието треба да биде државничка, во насока на интеграција, а не изолација, истакнуваат од Министерството за правда.