-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Логар: Решението за резервите на Бугарија кон С Македонија не треба да ја отвора пандорината кутија

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, изјави дека една од неговите први претстојни посети ќе биде во Бугарија, во врска со бугарското вето за почеток на преговорите на С Македонија со ЕУ, јави Бугарското национално радио.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Логар изрази надеж дека по предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се формира влада со големо мнозинство, така што таа ќе работи, вклучително и на прашањето за С Македонија.

Тој истакна дека спорот мора да се реши меѓу двете земји и коментира дека една од земјите има резерви за С Македонија, што значи дека тие мора да бидат елиминирани и да се најде решение „да ги задоволи земјите-членки и да не го комплицира процесот на преговори, ниту пак ја отвора Пандорината кутија“.

Министерот Логар потсети дека С Македонија и Албанија ги исполниле условите за почнување преговори и затоа следниот чекор треба да биде почнување на меѓувладина конференција со нив.

Амбасадорот на Словенија во Софија денеска ги презентираше приоритетите на претседателството со второто словенечко претседателство со ЕУ, што почнаа вчера.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com