-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Ловџија од Матејче рани ловџија од Липково

Најчитани вести

Ловџија од Липково е тешко ранет од истрел од пушка од друг ловџија од Матејче, со кого заедно биле во лов. Полицијата го истражува случајот.

Четириесет и петгодишен ловџија од Липково бил повреден при лов, соопшти денеска СВР Куманово. Тој вчера ловел со друг ловџија од Матејче кој го ранил со истрел од пушка.

„Вчера во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во местото викано Голем камен, во атар на село Матејче, Општина Липково, додека биле на лов, А.В. (37) од село Матејче со ловечка пушка го повредил Л.С. (45) од Липково, информираше полицијата.

Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com