9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Лични карти ќе се издаваат и викендот за избори, полицијата во пресрет на гласачите

Најчитани вести

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на 16.10.2021 година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 8 до 16 часот.

Во недела, пак, на 17.10.2021 година сите наведени надлежни организациски единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 7 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com