8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Лице од британската црна листа пристигнал во Лондон заедно со евакуираните

Најчитани вести

Лице од црната листа, на кое му е забранет влез во Велика Британија, со воен авион полета од Авганистан за Британија, како дел од евакуацијата од Кабул.

Како што пренесе „Скај њуз“, неидентификувано лице летало за Бирмингем во централна Англија, но нема детали за тоа каде е сега таа личност.

– Имаше луѓе во Авганистан кои претставуваат сериозна закана за националната и јавната безбедност. Од таа причина, владата спроведува детални проверки за да ги спречи оние што се осомничени дека се милитанти или претставуваат безбедносна закана да влезат во Британија – изјави портпаролот на британската влада.

Но, британската јавност е се погласна во обвинувањето на владата дека ги евакуира Авганистанците без никаква проверка, и дека не постои „листа за проверка“ на патниците. Министерот за одбрана смирува дека не треба да се вознемирува јавноста толку многу за лицето кое наводно успеало да влезе во авионот за евакуација од Кабул, бидејќи сето тоа е само шпекулација. Не сакаше да објаснува детали, но рече дека сепак постои еден вид поделба на лицата кои се евакуираат од Кабул, а британските војници од таму знаат на кои лица им е потребна „детална проверка, но тоа не значи дека тие се опасни“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com