-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Линхарт и Блинкен: Потребно повеќе, а не помалку присуство на Западот на Западен Балкан

Најчитани вести

Австрискиот министер за надворешни работи Мајкл Линхарт и министерот за надворешни работи на САД Ентони Блинкен сметаат дека е потребно повеќе, а не помалку присуство на Западот на Западен Балкан. Ова за АПА го изјави министерот Линхарт по телефонскиот разговор со неговиот американски колега.

Тој посочи дека тема на разговор бил пристапот на Западен Балкан кон ЕУ, во кој Блинкен го поздравил посилниот ангажман на Австрија во регионот.

„Во наш заеднички интерес е Европската унија и САД да бидат присутни во регионот и да дејствуваат координирано”, рече Линхарт. Блинкен и се заблагодари на Австрија за организацијата на неодамнешната конференција за иднината на Белорусија, а двајцата министри оценија дека не смееме да се попушти пред уцените на режимот на Александар Лукашенко. Блинкен, исто така, се заблагодари на Австрија за разговорите за иранската нуклеарна програма. Линхарт нагласи дека во овие разговори, по пауза од неколку месеци, мора да се влезе со реални очекувања.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com