13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Лина Пејовска откри дека нема дечко, па кажа кој е за неа победник во „Ѕвездите на Гранд“

Најчитани вести

Во 2016 година на своја 14-та година, малечката и талентирана ѕвездичка од Македонија, Лина Пејовска, со својот специфичен глас и талент го освои жирито на музичкото шоу „Пинк ѕвездички“.

Оттогаш, музиката е секојдневие за Лина чиј пат кон популарноста и музичката сцена одат само во нагорна линија. Неодамна го освои и жирито во регионалното музичко шоу во Хрватска, „Ѕвезди – летен хит“.

Како секогаш и овој пат Лина повторно „растури“ на музичката сцена. Неоспорни се талентите на македонското девојче, па така секогаш кога ќе го пушти својот глас знае да растури и да покаже како се пее.

Меѓутоа, можеби не се познати многу детали од нејзиниот приватен поточно љубовен живот.

Имено, Пејовска одговараше на прашања на „Инстаграм“, а едно од нив беше дали има момче. Пејачката даде краток одговор, па откри каков е нејзиниот љубовен статус.

Најчесто поставувано прашање, немам дечко“, одговори Лина.

Меѓу прашањата се најде и дали ја познава учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Милица Чикариќ, а Пејовска одговори дека за неа Милица е победник.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com