Home » Лимузината Dodge Viper чини 160.000 долари

Лимузината Dodge Viper чини 160.000 долари

by Журнал.мк

Сопственик од Сент Луис одлучи да го продаде необичниот автомобил, а се работи за Dodge Viper во форма на лимузина.

За самата лимузина нема многу детали. Наведено е дека се базира на Dodge Viper од 1996 година, дека е долга 7,62 метра, како и дека има сјајни особини за возење.

Колку додатната должина и тежина влијаат на V10 моторот со 415 КС, ќе дознае новиот сопственик.

Цената на автомобилот изнесува 160 илјади долари, а тоа е зголемување за 25 илјади во однос на износот кој за оваа лимузина се бараше во август минатата година.

Важно е да се напомене дека нема кров, така што возењето доаѓа во обѕир само при поволни временски услови.

Иначе, лимузината има поминато помалку од 10 илјади километри.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More