14.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата

Најчитани вести

Лиле Стефанова ќе ја менува Русковска додека трае суспензијата- за тоа кој ќе ги води нејзините две предистраги, Русковска дополнително ќе одлучи.

Не стивнуваат превирањата во највисоките обвинителски инстанци.

По суспензијата на Русковска, нејзиното место според годишниот план за распоред на обвинители ќе го превземе обвинителката Лиле Стефанова.

Стефанова ги водеше случаите Империја и Плацеви на Водно кои беа отпочнати во СЈО.

Русковска за Телма вели дека дополнително ќе одлучи кому ќе ги предаде двете предистраги кои ги води за работењето на финансиката полиција и истрагата за техничките центри при МВР.

Русковска, ја пишува и жалбата до советот на јавни обвинители против одлуката на државнито обвинител Љубомир Јовевски за нејзино оддалечување од предметите.

Директорот на финансиската полиција во оставка Арафат Муареми е недостапен за медиумите, владата ја чека неговата писмена оставка.

Обвинителката Елизабета Јосифовска која исто така е под дисциплинска постапка ни рече дека досега не добила официјално известување и дознава од медиумите, додека обвинителката Ивана Трајчева е на одмор.

Двете обвинителки со судска наредба по анонимна кривична пријава во јули извршија претрес во Финансиската полиција и во кабинетот на тогашниот директор Арафат Муареми по што овој поднесе претставки против нив и обвинителката Вилма Русковска.

Повеќе за превирањата во редовите на обвинителството и финансиската полиција со главни актери Вилма Русковска и Арафат Муареми во Вестите на Телма во 15:30 каде што на жешката тема гостува професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com