Home Шоубиз Лила: „Во ова мајско време минатата година водев битка против ракот“!

Лила: „Во ова мајско време минатата година водев битка против ракот“!

by Lina Muslija

Една од најпознатите македонски водителки Лила Стојановска (екс-Филиповска)  деновиве нацијата ја потсетува на најгрозните моменти од својот живот. А, тоа било минатата година во ова време, кога Лила водела сурова битката на живот и смрт, битка против ракот. Излезе како победник!

-Минатата година, токму во ова мајско  време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував, дали ќе доживеам следното лето да уживам во убавините на животот?  Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив од животот на Земјата?

Сега, една година подоцна, се обидувам да си ги исполнам сите тие желби. Залудно живееш  ако не уживаш во животот. А и полесно е кога имам само неколку  вистински пријатели, порача Лила, која во меѓувреме го смени имиџот.

Таа инаку, продолжува со квизот на ТВ Сител, а и после Малдивите продолжува да го живее животот максимално интересно.

– Сè можете да ми кажете, што сакате кажете ми. Но со кој и како да си го живеам својот живот тоа не може никој да ми каже, многу сигурна е Лила во ова свое кажано!  Д.М.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More