14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Ликовните дела „Моите омилени нешта“ од Менсур Бојда изложени во Jaпонија

Најчитани вести

Изложбата е организирана во соработка со галеријата „2-16“ и јапонскиот куратор Риота Сато и е овозможена од културните органи од градот Окајама.

Изложбата насловена „Моите омилени нешта“ на уметникот Бојда четврти пат ја изложува низ светот. Тој првпат овие дела ги изложил во Њујорк во 2019 година, а потоа и во Скопје.

Третата поставка на делата инспирирани од пијано копчиња беше отворена за публика до минатата недела во галеријата на Домот за култура „Бранд Петрушев“ во Богданци. Заедно со истоимениот серијал на изложбата беше изложена и принт едиција од селектирани цртежи и слики од скорешното творештво на Менсур.

„Делата се инспирирани од функционалноста, како и од изработката на пијано што создава разновидност на емоции, пораки и идеи од едноставен склоп на правила, на зададен редослед на црно-бели копчиња“, вели Бојда.

Менсур Бојда е ликовен уметник кој во моментов живее и работи во Њујорк. Менсур е фигуративен експресионист и неговиот интерес досегнува до различни ликовни дисциплини како сликарство, цртеж, графика, скулптура, илустрација и стрип.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com