13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Лиз Чејни и Џон Катко ќе гласаат за импичмент на Трамп

Најчитани вести

Пратеничката Лиз Чејни, која зазема високо место во републиканското раководство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, изјави дека ќе гласа за отповикување на актуелниот шеф на државата Доналд Трамп.

Таа истакна дека Трамп „ја свикал и ја собрал толпата, и го запалил пламенот на овој напад“ врз американскиот Конгрес на 6 јануари, нагласувајќи дека ќе гласа за импичмент на претседателот.

Инаку, Лиз Чејни е ќерка на поранешниот републикански потпретседател Дик Чејни.

Претходно, републиканскиот претставник во Конгресот, Џон Катко беше првиот од редовите на републиканците, кој најави дека ќе гласа за отповикување на Трамп и ја поддржи таквата идеја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести