Home » Лиз Трус е главен фаворит за нов британски премиер

Лиз Трус е главен фаворит за нов британски премиер

by Журнал.мк

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус вчера вечерта ја објави својата кандидатура за наследник на премиерот Борис Џонсон, кој оваа недела поднесе оставка поради серијата од скандали и оставка на блиски соработници.

„Ќе се борам на овие избори како конзервативец и ќе управувам како конзервативец“, изјави 46-годишната Лиз Трус за Дејли телеграф.

Со објавувањето на нејзината кандидатура Трус им се придружува на девет други кандидати во трката да ја предводи Конзервативната партија која е во мнозинство во Долниот дом.

Трус е висок владин функционер и се очекува да биде водечки кандидат во веќе преполната трка за функцијата. Објавувајќи ја својата кандидатура таа најави дека „ќе почне да ги намалува даноците од првиот ден“ за да помогне во справувањето со зголемените трошоци за живот.

Со нејзината кандидатура таа им се придружи на министерката за трговија Пени Мордоунт, поранешните министри за здравство Саџид Џавид и Џереми Хант, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, неговиот наследник Надим Захави и министерот за транспорт Грант Шапс.

Свои најави за кандидатура доставија и поранешната министерка Кеми Баденоч и пратеникот Том Тугендат.

Шефицата на британската дипломатија е миленичка на Конзервативната партија и редовно беше меѓу најпопуларните политичари на партијата според анкетите на веб-страницата „Конзервативен дом“.

Лиз Трус првично се спротивстави на Брегзит, но рече дека се предомислила на референдумот во 2016 година.

Таа сега е одговорна за односите со ЕУ во врска со трговските правила на Северна Ирска по Брегзит и зазема сè поостра линија во преговорите.

Трус во вторникот рече дека Џонсон ја има нејзината „100 процентна поддршка“ и ги повика колегите да го поддржат.

Во четвртокот премиерот попушти под зголемен притисок, а министерката коментираше дека премиерот донел правилна одлука со повлекувањето.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More