15.8 C
Skopje
Friday, May 27, 2022

Лиз Трас: Путин се понижува на светската сцена

Најчитани вести

Меѓународните санкции против Русија треба да бидат укинати само кога сите нејзини војници ќе ја напуштат Украина, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија.

– Санкциите не треба да бидат укинати додека не дојде до целосно повлекување на Русија и мировен договор – јасно порача Трас.

Таа додаде дека рускиот претседател Владимир Путин мора да се соочи со пораз, пренесува Дневен аваз.

– Путин се понижува себеси на светската сцена – рече таа, додавајќи дека мора да му се ускрати каква било корист од неговата инвазија на Украина и со тоа на крајот да се ограничи понатамошната агресија.

Таа, исто така, ја повика Украина да го зголеми пристапот до воената опрема на НАТО.

Министрите за надворешни работи на Г7 денеска повторно ќе се сретнат со своите колеги од Украина и Молдавија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com