Home » Лидс попушти, Рафиња се сели во Барселона

Лидс попушти, Рафиња се сели во Барселона

by Журнал.мк

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез посакуваното засилување, Лидс ја прифати понудата на каталонскиот тим за Бразилецот Рафиња.

Англискиот тим ги намали барањата и наместо 70 милиони евра, се согласи на обесштетување од 58 милиони плус десет милиони во бонуси.

Рафиња кој има 25 години, во Лидс играше две сезони, а претходно има настапувано за Виторија Гимараеш, Спортинг Лисабон и Рен.

Голем интерес за Рафиња пројавуваа и премиерлигашите Челси и Арсенал кои беа подготвени да платат повеќе пари од Барселона, но желбата на бразилскиот репрезентативец беше да игра само за Барселона.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More