23.8 C
Skopje
Tuesday, July 27, 2021

Лидија Димковска на „Денови на литературата од Југоисточна Европа“ во Цирих

Најчитани вести

Домот на литературата во Цирих, Швајцарија од 26 до 28 февруари го организира книжевниот фестивал „Денови на литературата од Југоисточна Европа“.

На фестивалот, покрај Драго Јанчар, Лана Басташиќ, Драган Великиќ, Луљета Лешенаку, Дамир Овчина, Ивана Сајко, ќе настапи и македонската писателка Лидија Димковска.

„Литературхаус“ од Цирих веќе шеста година е домаќин на фестивал посветен на литературата на некој регион или земја, а оваа година фокусот е ставен на Југоисточна Европа. Фестивалот ќе се одржи онлајн, а вклучува читања, панел дискусии и разговори меѓу избраните автори и нивните преведувачи и модератори. Разговорот со Димковска ќе го води Александер Зицмен кој е и преведувач на нејзината поезија и проза на германски јазик, а извадоци на германски ќе чита Клаудија Јан. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести