25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Лидерот на Северна Кореја повика на зголемување на воената моќ

Најчитани вести

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, повика на зголемување на воената моќ и поголема способност за спречување на нуклеарната војна, објави државната новинска агенција КЦНА, на крајот на редок конгрес на владејачката Работничка партија по осумдневни политички дебати.

„Ние мора да сториме сè  што е во наша моќ за понатамошно зголемување на можноста за одвраќање од нуклеарната војна, градејќи ја најсилната воена подготвеност“, рече Ким, заклучувајќи го конгресот, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на КЦНА.

Ким минатата недела рече дека ќе ја прошири воената подготвеност за подобра одбрана на земјата и повика на „поставување на одбранбените способности на државата на многу повисоко ниво“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести