-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Лидерот на движењето на отпорот против талибанците повикал на сеопшто востание

Најчитани вести

Лидерот на противталибанското движење на отпорот денеска повикал на општо востание против талибанците, пренесува “DPA”.

“Наши сонародници, каде и да се наоѓате, дали надвор или внатре, ве повикуваме да започнете општо востание во име на честа, слободата и гордоста на нашата татковина”, рекол Ахмад Масуд, лидер на Националниот фронт на отпорот (NFR) во аудио-порака која групата ја објавила денеска.

Масуд рекол дека луѓето ќе можат да се борат во која можна форма – со оружје или протести – и дека таа група ќе стои со нив до последниот момент.

“Секој нека се спротивстави како може и гласно нека извика – никогаш нема да го прифатиме ова понижување”, нагласил тој.

Не ги коментирал тврдењата на талибанците дека ја заземале Панџир, провинцијата која ја бранат неговите борци.

Талибанците не успеале да покорат само една покраина

Панџир е единствената од 34 покраини во Авганистан која талибанците не успеале да покорат со својата брза војна минатиот месец во која не наишле на речиси никаков отпор.

Таа покраина северно од Кабул е планински и тешко достапен предел, што е предност за противталибанските борци.

Талибанците и движењето на отпорот објавуваат различни податоци за успесите во Панџир.

Така талибанците денеска објавиле дека имаат целосна контрола во таа авганистанска покраина: “Со оваа победа нашата земја е целосно извлечена од војна”, рекол портпаролот на талибанците.

Меѓутоа, отпорот тоа го демантирал.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com