9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, демантира дека поднела оставка во Пекинг

Најчитани вести

Лидерката на Хонг Конг, Кери Лам, денеска изјави дека од кинеската Влада никогаш не барала да и дозволи да поднесе оставка за да се заврши политичката криза во овој град.

Оваа нејзина реакција следеше откако во извештаи на британските медиуми се наведе дека постои снимка со нејзиниот глас од средба со деловни лидери каде таа зборува дека сака да се извини и да поднесе оставка, за да има нови избори во градот.

На прес-конференција во Хонг Конг таа изјави дека не размислувала за тоа да бара да поднесе оставка и дека Пекинг верува дека нејзината влада може да ја реши тримесечната криза без интервенции од континенталниот дел.

-Не сум размислувала за оставка да разговарам со централните власти. Оставката би била мој избор, кажа Лам и додаде дека е разочарана од коментарите објавени од приватен состанок.

„Мислам дека можам да го водам мојот тим и да му помогнеме на Хонг Конг да излезе од оваа ситуација. Се уште имам самодоверба тоа да го направам, рече Лам.

Денеска е најавено дека учениците и студентите ќе ги бојкотираат часовите како поддршка на продемократските демонстранти кои бараат поголеми права во оваа некогашна британска колонија, која во составот на Кина се врати во 1997 година.

Изминатите три месеци на протсти по улиците на Хонг Конг излегоа стотици илјади луѓе заради суспендираниот зкаон за екстрадиција на барани граѓани за да им се суди на континенталниот дел од Кина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com