Home » Лидерите на Шведска и Финска навестија разговори со Ердоган

Лидерите на Шведска и Финска навестија разговори со Ердоган

by Журнал.мк

Американскиот советник за национална безбедност Џек Саливан изјави дека лидерите на Шведска и Финска посочиле дека планираат директно да разговараат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека Вашингтон е подготвен да го поддржи тој процес.

– Ние веруваме дека загриженоста на Турција за пристапувањето на Шведска и Финска, изразена од претседателот Ердоган и другите, може да се реши, рече Саливан.

Запрашан дали има планови американскиот претседател Џозеф Бајден да стапи во директен контакт со Ердоган за ова прашање, Саливан рече: „Во моментов – не“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More