Home » Лидерите на ЕУ се согласија за построги мерки за справување со илегалната миграција

Лидерите на ЕУ се согласија за построги мерки за справување со илегалната миграција

by Журнал.мк

Лидерите на Европската унија во Брисел договорија голем број мерки насочени кон намалување на бројот на илегални мигранти кои пристигнуваат во Унијата, јави ДПА.

„Ќе преземеме акција за зајакнување на нашите надворешни граници и спречување на илегалната миграција“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во раните утрински часови денеска по самитот на ЕУ.

Договорените мерки вклучуваат иницијативи за зајакнување на одбранбената инфраструктура долж границата меѓу Бугарија и Турција, вклучително и со камери и набљудувачки кули.

Во обид да го зголемат бројот на депортирани луѓе, земјите од ЕУ исто така сакаат да го олеснат меѓусебното признавање на одлуките за депортација, рече Фон дер Лејен.

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека е важно земјите од ЕУ да работат заедно за миграциските прашања, без разлика дали се работи за контрола на надворешните граници, подобрување на инфраструктурата или соработка со земјите на потекло и транзит.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk