Home » Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за Мане

Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за Мане

by Журнал.мк

Според медиумите во Англија, Баерн понудил околу 25 милиони евра за Садио Мане со бонуси, кои Ливерпул веднаш ги одбил.

Според „Тајмс“, Баварците му понудиле на Мане бонуси кои Ливерпул ќе ги добие само кога Сенегалецот со Баерн ќе ја освои Лигата на шампионите.

На „Енфилд“ воопшто не биле заинтересирани за оваа понуда, а како што дознава „Тајмс“ ги одбиле Баварците бидејќи сметаат дека Садио вреди многу повеќе.

Договорот на Мане со Ливерпул истекува по следната сезона и „црвените“ се последни ова лето кога можат да земат пари за обештетување за овој играч.

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул во претходните сезони одлучи да го напушти клубот бидејќи бара нов предизвик, а Баерн долго се споменуваше како негова нова дестинација.

Мане во Ливерпул е од 2016 година, а досега на 269 натпревари постигна 120 голови.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More