9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Ливерпул нема намера да плати 64 милиони фунти за Тилеманс

Најчитани вести

Ливерпул се откажа од идејата да го купи Јури Тилеманс од Лестер ова лето како адекватна замена за Вајналдум. Според британски „Телеграф“, „црвените“ немаат намера да платат 64 милиони фунти за белгискиот репрезентативец.

Оваа информација е во спротивност со она што вчер аго пишуваа белгиските медиуми. Според нив Ливерпул бил подготвен на оваа сума, само за да го направи Белгиецот заменик на искусниот Холанѓанец кој го напушти клубот како слободен играч.

Тилеманс сам инсистира да биде продаден на „Енфилд“, но останува дали Лестер може да ја намали цената која ја бара за негово заминување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести